Монако продолжува со серијата очајни резултати оваа сезона. Екипата веќе го смени тренерот, но продолжи со разочарувачкте резултати под водство на новиот тренер Тиери Анри. Во неговото деби на клупата, Монако беше поразен во саботата на гостувањето кај Стразбур со 2:1 и со тоа остана на претпоследното 19. место во Лига 1 со само 6 освоени бода.
Монако го има најслабиот старт во првенството од далечната 1953/54 година која освоија само 5 бода во првите 10 натпревари на француското првенство.