Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат во текот на летото да ја прекинат соработката со играчот од дефанзивната линија, Шкодран Мустафи.
На „Емирати” воопшто не се задоволни од настапот на Германецот посебно на дерби дуелот со Манчестер Сити. Во клубот процениле дека тој на ниту еден начин не ги оправдува големите 35 милиони фунти кои и беа платени на Валенсија за неговите услуги во 2016 година.
Весникот –„Телеграф“, тврди, дека и менаџерот, Унаи Емери, дал дозвола фудбалерот да биде ставен на трансфер-листата. Германскиот репрезентативец за Арсенал има одиграно 96 натпревари во сите конкуренции.