Италијанскиот вицешампион Наполи направи официјална понуда за играчот од средниот ред на Зенит Леандро Паредес.
Предлогот вреден 25 милиони евра не ги задоволува првите луѓе на клубот од Санкт Петерсбург кои го ценат аргентинскиот интернационалец најмалку 35 милиони евра.
Наполи го сака Паредес како замена на Марек Хамшик, кој е пред трансферот во Кина. Интересно е дека словачкиот играч од средниот ред, исто така беше баран од Зенит, но тој не е подготвен да игра во Русија.
Паредес имаше добри настапи во екипата на Рома, каде одигра 37 натпревари и постигна 4 гола, по што се пресели во екипата на Зенит за 23 милиони евра. Тој брзо стана главна фигура во тимот, постигнувајќи 4 гола и 6 асистенции во дебитантската сезона во која одигра 28 натпревари.
Јувентус, исто така, го следи 23-годишниот фудбалер, но „старата дама” нема испратено понуда за него во оваа фаза.