Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Наполи го сака Паредес од Зенит
    Фудбал

    Наполи го сака Паредес од Зенит

    risteBy riste12/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Италијанскиот вицешампион Наполи направи официјална понуда за играчот од средниот ред на Зенит Леандро Паредес.

    Предлогот вреден 25 милиони евра не ги задоволува првите луѓе на клубот од Санкт Петерсбург кои го ценат аргентинскиот интернационалец најмалку 35 милиони евра.

    Наполи го сака Паредес како замена на Марек Хамшик, кој е пред трансферот во Кина. Интересно е дека словачкиот играч од средниот ред, исто така беше баран од Зенит, но тој не е подготвен да игра во Русија.

    Паредес имаше добри настапи во екипата на Рома, каде одигра 37 натпревари и постигна 4 гола, по што се пресели во екипата на Зенит за 23 милиони евра. Тој брзо стана главна фигура во тимот, постигнувајќи 4 гола и 6 асистенции во дебитантската сезона во која одигра 28 натпревари.

    Јувентус, исто така, го следи 23-годишниот фудбалер, но „старата дама” нема испратено понуда за него во оваа фаза.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд

    08/02/2023

    Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД

    08/02/2023

    Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !

    08/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд
    • Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД
    • Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !
    • Арсенал ги зголемува цените на сезонските билети за следната сезона
    • Кралот го направи тоа ! Го сруши 34-годишниот рекорд на Карим Абдул Џабар
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.