РК Вардар го заврши есенскиот дел од домашното првенство на лидерското место и заедно со Алкалоид во плеј-оф серијата ќе влезе од челната позиција на табелата. Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски, во денешното гостување во нашата програма зборуваше за првиот дел од сезоната и очекувањата за вториот дел во кој ќе се бие битка за титулата со главните конкуренти, Е. Пелистер и Охрид.
„Е. Пелистер по лошата сезона во Лигата на шампионите сега сигурно ќе се фокусира на домашното првенство. Тоа е клуб кој првично е одлично организиран, има одличен тим, има одлични навивачи и жежок терен. Тие се шампиони и секако остануваат први фаворити за титулата. Во плеј-офот ќе видиме друг Пелистер и ќе биде многу интересно за гледање. Секако тука е и Алкалоид, па и Охрид кои исто така ги задржуваат своите шанси за највисок пласман“, вели Недановски во разговорот во програмата на Спортското радио 90.3 фм.
Комплетниот разговор можете да го проследите на следниот ЛИНК