Српскиот одбојкарски интернационалец Немања Пантиќ следната сезона ќе го носи дресот на Борец од Велес.
Пантиќ беше еден од најдобрите одбојкари во редовите на Вардар, па сега ќе ја продолжи кариерата во велешкиот состав кој со сериозни амбиции влегува во новата одбојкарска сезона.
Пантиќ во претходните сезони го носеше дресот и на Рибница Краљево, Железничар и Дубочица, па сега е еден од најдобрите играчи и во нашето првенство.