Македонскиот репрезентативец, Ненад Костески, пред денешниот тренинг ги кажа своите очекувања од последниот натпреваар на нашата репрезентација на Европското првенство против Швајцарија.
Нашите момчиња се подготвуваат за уште еден тежок предизвик и најавуаат дека минатите два меча се веќе заборавени. Ненад Костески рече дека тимот се фокусира на Швајцарија и најави максимално ангажиран пристап.
„Тие покажаа дека имаат квалитет, моторот на екипата е Енди Шмит, кој многу придонесува за нивната игра. Тие дојдоа со големи очекувања, а тоа го потврдија и со ремито против Франција. Ние загубивме убедливо на првите два меча, имаме уште многу да работиме, но мислам дека можеме да ја победиме Швајцарија. Потфрливме во неколку сегменти од играта на ова Европско првенство. Мислам дека можеме да напредуваме и сите целиме кон тоа во иднина. Сакам со победа да ја израздуваме нацијата, се надевам дека ќе успееме во тоа“, изјави Костески.
Последниот натпревар на нашите ракометари е закажан за утре,16 јануари, со почеток во 18:00 часот во Берлин.