Специјализираниот сајт за ракомет –„Балкан хендбол“, објави, дека одлуката на нашите судии Начевски и Николов да му ја одземат топката на Игор Карачиќ во решавачките моменти во финалето на ЕП против Шпанија, била максимално коректна.
Откако играчот на Хрватска направи чекори, Шпанците го искористија наредниот напад за да дојдат до предност од 22:20 и да се израдуваат на титулата европски шампиони. Тоа го испровоцира тренерот на Хрватите, Лино Червар, кој на тајм-аутот искористи вулгарни зборови за одлуката на македонските судии, но, очигледно дека не беше во право.
„Ситуацијата кога Начевски досуди чекори од Карачиќ ќе влезе во историјата на ЕП. Чекорите се гледаа на повторената снимка. Да донесеш коректна одлука е навистина неверојатно, се беше чиста како солза“ – пишува во текстот на сајтот.