Манчестер Јунајтед е подготвен да го продава Алексис Санчез по завршувањето на сезоната.
Според информации на весникот „Сан” тимот не е задоволен од настапите на Санчез и сака да се раздели од овој играч за кого верува дека ПСЖ ќе плати добра сума и ќе го привлече како замена на Нејмар или Килијан Мбапе, а во исто време „црвените ѓаволи” можат да се пробаат и да ангажираат некој од овие двајца играчи на ПСЖ.
Алексис пристигне на „Олд Трафорд” како големата ѕвезда на Арсенал, но на крајот, под водство на Мурињо неговото претставувањето е далеку под очекувањата и тој во моментов е големо трансфер разочарување.
Во Манчестер Јунајтед очигледно сватиле дека оваа екипа не е за стилот на игра на чилеанецот и немаат намера да му плаќаат огромната плата, па по крајот на сезоната двете страни сигурно ќе се разделат.