Голманот на Арсенал, Петар Чех, се враќа во игра по повредите. 36-годишниот Чешки чувар на голот на Арсенал доби повреда на мечот против Ватфорд во септември и од тогаш не играл за својата екипа.
Арсенал одигра нерешено 2:2 против Кристал Палас минатиот викенд, а вечерва ќе игра натпревар против Блекпул во Лига Купот.
„Чех ќе биде на голот на средбата со Блекпул по повредата која ја надмина, а некои млади момчиња ќе добијат шанса да играат, но и покрај тоа што тимот ќе биде помлад сепак нема да го потценуваме Блекпул”, изјави менаџерот на Арсенал Унаи Емери пред вечерашниот натпревар.