Хрватскиот ракометен репрезентативец, Лука Циндриќ, ќе добие понуда од ПСЖ во висина од 4 милиони евра, објави денеска – „Вечерњи лист“ .
Според наведеното, францускиот состав кој го предводи поранешниот стратег на Вардар, Раул Гонзалез, подготвил неверојатна понуда која не се одбива. Доколку Циндриќ навистина замине во Париз, тогаш би станал најплатениот ракометар во светот и воедно би го соборил рекордот за најскап трансфер кој го држи Никола Карабатиќ. Ќе потсетиме дека ПСЖ во 2015 година плати за репрезентативецот на Франција големи 2 милиона евра.
Сега во секој случај на потег е раководството на полскиот состав Киелце кое најверојатно сериозно ќе ја разгледа понудата за 25-годишниот среден бек кој со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2017 година.