Ракометната селекција на Македонија е комплетна, откако на подготовките во Стара Пазова на четата на Кирил Лазаров ѝ се приклучи капитенот Никола Митревски.
Искусниот голман, поради обврските со својот Порто не можеше навреме да стигне на подготовките, но од синоќа тој е со селекцијата и утрово го одработи првиот тренинг.
Покрај Митревски, селекторот Лазаров за голманската позиција за Европското првенство ги има уште Мартин Томовски и Марко Кизиќ. Македонија на шампионатот во Германија ќе се судри со домашната селекција, Франција и Швајцарија.