Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, го скрати списокот на 24 репрезентативци со кои ќе ги започне подготовките за претстојниот Евро-шампионат во Словачка и Унгарија.
Собирот ќе биде на 22 декември во Скопје по што ќе се замине во Маврово. Таму бидат одиграни две пријателски средби со Кувајт на 27 и 29-ти декември по што ќе следуваат и контролните натпревари со Израел, на 03 и 4 јануари во Скопје.
Македонија првиот меч на Континенталниот собир ќе го има против Словенија на 13 јануари. Потоа ќе дојдат дуелите со Црна Гора и Данска.