Селекторот на нашите ракометари, Раул Гонзалес, вели дека сме одиграле добро во поголем дел до мечот со Хрватска, но, дека противничкиот голман и промашените зицери, не ни дозволија да извлечеме поволен резултат. Тој знае дека ќе биде исклучително тешко против Шпанија и Исланд.
„Кога играш против селекции како Шпанија, Хрватска, Германија, Франција… треба да одиграш без грешка, кога ќе имате шанса за гол треба да дадете гол. Ние не одигравме толку лошо, имавме шанси во второто полувреме кога беше три разлика“ – вели Раул.
„Шпанија е искусна селекција со многу квалитетни поединци. Мслам дека знаме како ќе играат, досега не се многу убедливи иако победија на сите мечеви. Тоа им се случувало и претходно“ – нагласи Гонзалес.