Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез и генералниот директор на клубот Хозе Анхел Санчез, разговарале со агентот на напаѓачот на Баерн (М) Роберт Левандовски и го информирале дека сакаат Полјакот да поднесе барање за трансфер.
На овој начин, тие се надеваат дека ќе го забрзаат трансферот на Левандовски на „Бернабеу“. „Кралевите“ сакаат да се засилат со голгетерот во текот на летото, но во моментов “баварците” се категорични дека немаат намера да го продадат.
Според шпанските весници, Левандовски веќе разговарал со Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге и во директен разговор им изјавил дека сака да премине во Реал (М). Напаѓачот има договор со Баерн до летото 2021 година.