Во Реал Мадрид има за цел по секоја цена да го привлече по крајот на сезоната напаѓачот на Ливерпул Садио Мане.
Според информациите кои беа објавени, „кралевите” се подготвени да платат 115 милиони евра за овој фудбалер да го облече нивниот дрес.
Лично Флорентино Перез ќе се зафати со трансферот и не е исклучено да се обиде тоа да го договори уште во јануари, но тогаш тешко дека ќе се случи нешто, бидејќи Јирген Клоп во сите свои изјави категорично одбиваше да се раздели со овој играч на средина на сезоната, а од друга страна Мане е еден од клучните играчи во „шемата“ на Клоп.
Реал се наоѓа во сериозна криза во моментов и се очекува денес да има тренерска промена по големиот дебакл против Барселона и петте гола кои ги примија на вчерашното „Ел Класико”. Се очекува во текот на следното лето тимот да направи голема селекција и да купи нови играчи, а Садио Мане е само дел од имињата на кои клубот ќе се насочи.