Првиот човек на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, ги негираше гласините дека размислува за ангажирање на Карлос Саинц кој наводно би можел да го замени Серхио Перез и покрај потпишаниот договор со британскиот тим за следната сезона.
„Секогаш има многу гласини во Формула 1. Тој е одличен возач и неодамна имаше голема победа во Мексико и мислам дека ќе биде вистинскиот возач за тимот“ – вели Хорнер.
„Дали размислувам за Саинц? Не, тоа не е во нашите планови“ – изјави Хорнер.