Возачот на „LCR Honda“, Алекс Ринс, по повеќе од три месеци поминати во амбулантата, ќе се врати на трките во светската класа.
Тоа ќе се случи за време на Јапонското ГП. Шпанецот, кој догодина ќе вози за Јамаха, се повреди за време на спринтерската трка за Големата награда на Италија во почетокот на јуни.
Ринс пропушти вкупно седум натпреварувачки викенди по што медицинскиот тим му дозволи да се врати на патеките.