Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, изјави дека е загрижен за состојбата на „црвените ѓаволи“ кои по девет одиграни кола се наоаѓаат на 14-та позиција во Премиер-лигата.
„Тен Хаг е во лоша ситуација, тие потрошија цело богатство. Имаат натпревар од Карабао купот но, се ќе биде фокусирано на Челзи во следниот викенд“ – вели Невил.
„Мислам дека не можат да си дозволат уште еден пораз на Олд Трафорд. Тоа се играчи кои беа донесени главно во изминатите неколку сезони“ – изјави Невил.

