Нашата ракометарка, Сара Ристовска, од наредната сезона ќе настапува за романскиот, Рапид Букурешт кој има големи амбиции во Лигата на шампионите.
Бидејќи нејзиниот тим од Русија, ЦСКА Москва поради војната со Украина не може да игра во евро-куповите, десното крило сега ќе има можност да се врати во европскиот клупски ракомет.
Ристовска играше за Металург, Вардар и рускиот состав Крим.