Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски ќе мора да паузира од фудбалските терени најмалку еден месец. Дополнителните прегледи во Лисабон покажале дека тој има истегнување на задната ложа, поради која најмалку 4 недлеи ќе мора да мирува.
Оваа повреда значи дека Ристовски нема да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за ноемврискиот циклус во Лигата на Нации и средбите со Лихтенштајн и Гибралтар.