Белгискиот тренер Роберто Мартинез е меѓу оние кои се на списокот на желби во Реал Мадрид. Во оваа смисла, Фудбалската Федерацијата на Белгија (БФФ) денес одговори на прашањето за оваа онформација која се појави во медиумите.
„Ние не сакаме да коментираме за договорните односи меѓу федерацијата и оние кои имаат договор со нас, бидејќи тоа е тајна. Ако некој клуб сака да го привлече г-дин Мартинез, тогаш тој прво мора да постигне договор со БФФ “, изјави портпаролот на Федерацијата Стефан ван Лок.
45-годишниот Роберто Мартинез ја однесе Белгија до бронзениот медал на Мундијалот 2018. Договорот му е до летото 2020 година
Во текот на минатото лето претседателот на Реал Мадрид , Флорентино Перез го „прескокна” раководството на Шпанската федерација и директно се договори со Јулен Лопетеги што доведе до скандал по кој Лопатеги заработи отказ од репрезентацијата и не ја водеше Шпанија на СП во Русија. Во моментов Реал Мадрид е предводен од Сантиаго Солари.