Во Реал Мадрид ситуацијата полека излегува од контрола, а управата на тимот се обидува да најде соодветно решение и да ја прекине една од најголемите кризи во европскиот шампион во последните неколку децении. Јасно е дека Лопетеги нема уште долго да преживе ена кормилото на тимот, а во раководството се уште се бара вистинскиот потег.
Италијанецот Антонио Конте одамна е најавуван како нов тренер на тимот, а според некои извори двете страни веќе имале и разговори. Сепак, дел од шпанскиот печат вели дека Перез има и друг џокер во ракавот, а тоа е некогашниот првотимец на Реал, Хозе Марија Гутиерез – Гути, кој претходно работеше во академијата на клубот, а сега е асистент во турски Бешикташ.
Шпанските новинари сметаат дека Гути е одличен млад тренер кој е фаворит на неколкумина од Бордот на Реал (М), пред се поради долгогодишната врска со клубот, а истиот може да биде и одлично прифатен од фановите. Сепак, засега не се знае дали Реал ќе се одлучи на ова решение, пред се поради неискуството на Гути како прв тренер.