За првпат во историјата на ракметниот првак Еурофарм Пелистер, на клупата ќе седне шпански тренер. Од денес нов тренер на битолските „зелено-бели“ е Раул Алонсо, кој потпиша договор до крајот на наредната сезона, заклучно со јуни 2026 година.
45-годишниот Раул Алонсо голем дел од својата ракометна кариера како тренер ја мина во Германија. Тој работеше во Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на големиот Кил. Од 2022 година Раул го водеше тимот на Ерланген.