Хрватскиот кошаркар, Лука Шаманиќ, може да ја прекине соработката со Фенербахче, објавија денеска различни европски медиуми.
Имено, турскиот тим информираше дека е блиску до договор со канадскиот центар, Кем Бирч инаку поранешен НБА играч кој во изминатата година настапуваше за шпанската- Жирона.
Доколку тој трансфер се реализира, Шаманиќ сигурно ќе се врати во татковината.