Даниел Јуле ја продолжи доминацијата во Светскиот Куп во алспко скијање откако денеска дојде до третата слаломска победа.
Швајцарскиот скијач во првата трка на патеката во Кицбил имаше втор резултат, но, успеа со одлично второ возење да се искачи на првото место на пиедесталот. Веднаш зад него трката ја завршија Марко Шварц од Австрија и Французинот Клемен Ноел.
Денешниот победник со новите бодови успеа да се пробие на второто место во рангирањето за слалом. Пред него со 17 бодови повеќе фигурира Хенрик Кристоферсен од Норвешка.