Екипата на Баерн Минхен беше строго санкционирана поради навивачите. Приврзаниците на клубот му донесоа казна од 150 илјади евра за употреба на пиротехнички средства.
Санкцијата е од страна на спортскиот суд на Германската фудбалска федерација.
Навивачите запалија околу 70 факели за време на натпреварот против Улм (4:0) во првото коло од Купот на Германија на 16 август. Баварскиот гигант ја прифати одлуката на судот.

