Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, помислил дека неговиот тим нема шанси да ја освои титулата во Премиер конкуренцијата. Неговиот тим долг период заостануваше многу зад лидерот Ливерпул, но, откако „црвените“ влегоа во криза и загубија бодови а „граѓаните“ со вчерашната победа против Евертон успеаа да се пробијат на првата позиција, Силва сега има сосема друго мислење.
„ Ние сме шампиони, знаеме што треба да направиме за да останеме. Пред неколку дена мислевме дека ја загубивме битката во Премиер лигата. Сега сме на врвот“ – изјави Силва.
„Ќе дадеме се од себе да ги добиеме сите наредни натпревари. Мислам дека Ливерпул и Тотенхем сега ќе играат под голем притисок“ – потенцирал играчот на Манчестер Сити пред дербито со Челзи.