Раководството на англискиот фудбалски состав, Лестер, ја разгледува варијантата да го преименува стадионот – „Кинг Пауер Емирати“ во чест на трагично загинатиот претседател на клубот, Вичај , Шриваданапраба, соопштува телевизијата – „ЕСПН“.
Синот на трагично загинатиот бизнисмен – Аијават кој е потпретседател на Лестер, се јавува како еден од иницијаторите за преименувањето на стадионот. Според наведеното, во наредните денови треба да има собрание на клубот на кое ќе се разгледува идејата за преименување на стадионот.
Аијават сака стадионот да се вика – „Кун Вичај“ и истиот да биде дополнет со нов фудбалски центар чија вредност се проценува на околу 100 милиони долари.