Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Стеф Кари е нов рекордер, 9 тројки во еден натпревар
    NBA

    Стеф Кари е нов рекордер, 9 тројки во еден натпревар

    risteBy riste04/06/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Голден Стејт дојдоа до предност од 2:0 во финалната серија во борба за титулата со Кливленд. Голден Стејт го совлада Кливленд со 122:103 и во вториот домашен меч  со тоа дојде до убава предност пред да се префрли финалната серија кај Кливленд.

    Стеф Кари беше клучниот играч во победата на Голден Стејт. Тој продолжува да постигнува тројка по тројка и да се наметнува како еден од најдобрите стрелци во историјата на кошаркарската игра, а во натпреварот кој беше одигран синоќа од финалето на НБА лигата постави нов рекорд. Овој пат бекот на Голден Стејт го надмина Реј Ален според постигнати тројки во еден натпревар од финалната серија.

    Ален го држеше овој рекорд со 8 тројки во еден дуел – во финалната серија меѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс во 2010 година. Осум години подоцна Кари постигна една тројка повеќе и официјално е број 1 во оваа статистика, откако при победата од 122:103 против Кливленд во вториот финален натпревар постигна 9/17 во шутирањето на тројки. Лидерот на Голден Стејт постигна вкупно 33 поени, 8 асистенции, 7 скока и 1 одземена топка.

    Ова е уште еден рекорд за шутирање на тројки кој е во сопственост на Стеф Кари. Тој е Број 1 по постигнати тројки во една сезона (402), во еден натпревар од регуларната сезона (13), во плеј-офот за една сезона (98), во една плеј-офф серија (32). На овој натпревар Кевин Дурант постигна 26, а Клеј Томпсон 20 поени. За Кливленд Леброн Џејмс постигна 29 поени, 9 скока и 13 асистенции додека Кевин Лав реализираше 22 поени.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кошаркарите ќе и гостуваат на Данска во Нествед на 25 август

    05/08/2022

    Дурант сака да ја промени средината

    25/07/2022

    Кошаркарите загубија од Бугарија и го освоија 8-то место на ЕП – Б Дивизија

    24/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кавани сака да остане во европскиот елитен фудбал
    • Кин упати критики до играчите на Јунајтед
    • Паредес ќе биде замената за Рабио
    • Елче сака да го ангажира Барди
    • Рома и Вест Хем ќе се тркаат за потписот на Французинот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.