Каратистот на “Макпетрол” Стефан Стојановиќ, успеа да го освои златниот медал во највозрасната категорија на постари јуниори (U21) +84 кг. На завршниот турнир на Светската 1 Премиер лига во Венеција учествуваа 4000 спортисти од 81 држава.
Стефан Стојановиќ до златниот медал стигна совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Стојановиќ во елиминацискиот дел до финалето извојува четири победи.
Со овој резултат Стојановиќ останува на едно од првите две места на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација) за 2024 година.