Денешниот слободен ден на Европското првенство во ракомет е планиран за патувања, па сите селекции кои обезбедија настап во завршните натпревари на ова ЕП денес треба да пристигнат во Стокхолм каде се играат последните натпревари.
„Теле 2 Арена“ ќе ги пречека најдобрите репрезентации на ова ЕП, а денес сите репрезентациаа кои настапуваа во Виена и Малме треба да ја почуствуваат атмосферата во Стокхолм.
Организаторот за попладне веќе има испланирано одржување на прес-конфреренции за полуфиналистите.
Денес од 17.00 – 17.30 часот
Норвешка: Кристијан Берге и Кристијан Бјорнсен
Хрватска: Лино Червар и Лука Степанчиќ
Денес од 17.30 – 18.00 часот
Шоанија: Жорди Рибера и Раул Ентрериос
Словенија: Љубомир Врањеш и Јуре Доленец
Утре ќе се играат ½ финалните натпревари, а во првото ½ финале се среќаваат Норвешка и Хрватска од 18.00 часот, додека во 20.30 часот играат Шпанија и Словенија.
Сабота (25 јануари) е резервирана за мечот за 5 место , и малото финале , односно натпреварот за 3 место , додека финалет е во недела од 16.30 часот.