Ракометарите на Е. Пелистер и Вардар вечерва од 18:00 часот се среќаваат во уште едена голема пресметка на домашната ракометна сцена. Дербито ќе се игра во преполната сала „Боро Чурлевски“, затоа што комплетниот капацитет на салата е распродаден, според Ковид-19 протоколите.
Според најавата во Битола вечерва ќе бидат и околу 150 вардарови навивачи, популарните „Комити“.
Најсериозните кандидати за титулата во Суперлигата ќе ги одмерат силите во меч кој што значи многу повеќе од обична победа или пораз. Во досегашниот дел од сезоната и Вардар и Е. Пелистер имаат по еден пораз и се лидери на табелата.