Дефанзивецот Тотенхем Дени Роуз може да го напушти клубот следната недела. Како што објавија англиските весници, дефанзивецот е во сериозни преговори со ПСЖ и Шалке и до крајот на летниот трансфер период во овие две земји може да замине во нова средина.
Според англискиот печат и Маурицио Почетино нема ништо против евентуалното заминување на Роуз. Тој го загуби местото во стартната постава, затоа што Почетино има уште тројца квалитетни дефанзивци кои можат да ја покријат неговата позиција.