Екипата на Спортско радио 90,3 фм на „Мундијалот на пријателство“ кој деновиве се реализира во Улцињ, Црна Гора, направи интервју со нашиот поранешен фудбалски репрезентативец и тренер, Виктор Треневски.
„ Големо е задоволството што сум тука. Настанов има огромно значење за целиот регион. Добро е што покрај легендите од фудбалот, сега се вклучени и луѓе од другите спортови кои одбележаа едно време на ју-спортот“ – вели Треневски.
„Јас бев на првите два мундијала но, не сакав да се наметнувам. Се гледав како дел од помладата генерација која имаше сосема други идоли и цели. Сега, во Улцињ имам можност да се дружам со спортски личности кои оставија белег во различни спортови. Задоволството е навистина големо“ – потенцираше Треневски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го проследите на следниов ЛИНК.