Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес излезе со соопштение во врска со прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово. Победа со службени 3:0 за селекцијата на Романија, која остана на теренот, откако гостите решија да заминат во соблекувалната во судиското надополнување, додека актуелниот резултат беше 0:0.
Фудбалста федерацијата на Косово се пожали на недоличното однесување на романските навивачи, како и на провокации, односно извици од трибините „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Освен што го загубија натпреварот, гостите се казнети и со 6.000 евра поради недолично однесување. Фудбалскиот сојуз на Романија, пак, е казнет со 30.000 евра поради испраќање провокативни политички пораки кои не се соодветни за спортски настан.
Романската фудбалска репрезентација е казнета со 9.000 евра поради фрлање предмети на теренот, 4.500 евра поради употреба на пиротехнички средства, 8.000 евра поради употреба на ласерски покажувач од навивачите, како и 12.500 евра поради предизвикување бунт при интонирање на националната химна.