Тренерот на Барселона Ернесто Валверде беше видно разочаран и незадоволен од синоќешниот натпревар кој неговата екипа го одигра против Леонеса во Купот на Шпанија, а го доби со гол во последните моменти од средбата.
„Не бевме ефикасни во последната третина на теренот. Премногу често ја губевме топката кога ни правеа притисок. Има моменти во кои е нормално да се изгуби топката при пресинг на противникот, но ние го правевме тоа и без таков притисок, а тоа им даваше можности за контранапад на противничките играчи”, ризјави Валверде.
„Добивме доста тежок натпревар и јас сум задоволен од односот на фудбалерите. Видов и некои убави работи. Леонеса се справи добро. Тоа е силен, агресивен тим. Игра интензивно, со ентузијазам и со дозвола на судијата, бидејќи во првите 15 минути имаше 10 прекршока”, додаде Валверде.