Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде објасни зошто го остави Лео Меси на клупата за вчерашниот прв полуфинален натпревар во Купот на Шпанија со Реал Мадрид.
„Лео е добро, но претпочитавме да не преземаме ризици во ова време на сезоната и затоа тој остана на клупата. Имаше лесна непријатност, не беше целосно опоравен и затоа сметавме дека така ќе биде најдобро“, рече Валверде по нерешените 1:1 на “Камп Ноу”.
„Ова беше тежок тест, бидејќи тоа е секогаш посебен натпревар. Ќе биде тешко, но веруваме на успех на гости“, вели Валверде за очекувањата од реванш средбата.