Ракометарите на Вардар остварија лесна и убедлива победа против Пекинг Универзити со 36 спрема 28 во рамките на регионалната СЕХА конкуренција.
На дуелот одигран во Загреб нашиот состав кој е воедно бранител на титулата, мечот го реши уште во првиот дел кога направи одлична предност од 21 спрема 10.
Во вториот дел шанса добија и младите ракометари на „црвено-црните“. Пелко и Ќосевски постигна по седум голови, Димитриоски даде шест, по четири пати погодија Кукуловски и Карапалевски.