Ракометарите на Вардар славеа во првото големо дерби оваа сезона во Суперлигата, откако вечерва во Скопје со 27-24 (15-11) беа подобри од шампионот Еурофарм Пелистер. Ова беше меч од четвртото коло во Суперлигата, по кој и Вардар и Е. Пелистер имаат по еден пораз, а осамен на врвот на табелата останува Алкалоид со четири победи во исто толку средби.
Марко Срдановиќ со осум гола беше најефикасен во редовите на Вардар, додека искусниот Гоце Георгиевски постигна пет. На другата страна Никола Митревски имаше десет одбрани, а Филип Кузмановски запиша седум гола.