Македонската ракометна репрезентација денеска во Краков, го почнува настапот на 28. Светско првенство, кое заедно го организираат Полска и Шведска.
Македонските ракометари вчера пристигнаа во полска и веќе одржаа тренинг во „Таурон Арена“, местото каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играме воведниот натпревар во групната фаза.
Во претходните пет дуели, македонската репрезентација има една победа и едно реми против Норвешка, која е апсолутен фаворит во групата.
Претходно во рамките на истата група ќе играат Аргентина и Холандија од 18 часот.