Енеа Бастијанини е победник на денешната спринт трката во рамките на Мото ГП викендот во Тајландан.
Италијанецот во Тајланд го освои првото место токму пред Мартин и Бањаја, кои остануваат во битката за шампионската титула. Марк Маркез на крајот остана на четвртото место, зад него се пласираше неговиот брат Алекс, а поени од спринтот освоија уште Морбидели, Бецеки, Ди Џанантонио и Биндер.
Кај возачите лидер е Мартин кој има 433 поени, втор е Бањаја со 411, додека Бастијанини 343 поени му се приближи на третопласиранот М. Маркез кој има 351 поен.