Александар Зверев кој ќе ја заврши сезоната на второто место на АТП листата на најдобрите светски тенисери, вели дека главна цел ќе му биде да ја освои првата Грен Слем титула.
„Ќе направам се во наредната година да бидам на повисоко ниво. Сега одам на мала пауза и потоа ќе работам напорно“ – изјави Германецот кој ќе го пропушти финалето на Дејвис купот за да може да се рекуперира.
Зверев во годинава одигра само едно финале на Грен Слем турнирите и тоа на терените во Париз кога загуби од Шпанецот, Карлос Алкараз.