Она што синоќа беше најавено, веќе стигна и официјализација. Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Францускиот фудбалски стратег го имаше вториот период на клупата на клубот од кој заминува како еден од најуспешните во историјата.
Преку објавување на соопштение, Реал Мадрид упати благодарност до Зинедин Зидан и ја појасни ситуацијата. Заминувањето на стручњакот е по негово лично барање, а клубот не се противеше и договорот беше спогодбено раскинат.
Кралскиот клуб остана без освоен трофеј оваа сезона, откако беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите од Челзи, во Ла Лига заврши на втората позиција зад Атлетико Мадрид, а Барселона го освои Купот на Кралот, па ваквата реакција беше за очекување.

