Јошко Миленкоски денеска беше промовиран како нов селектор на нашата машка одбојкарска репрезентација која ја очекуваат настапите во ЦЕВ Европската златна лига и на Европското првенство.
„Имав ангажмани надвор и не бев во можност порано да ја прифатам работата. Во целиот период на подготовка ќе одработиме триесетина тренинзи кои мислам дека ќе бидат доволни“- вели Миленкоски кој по 15 години се враќа на позицијата.
„Златната лига ќе ни биде како генерална подготовка за Европското првенство во Скопје во август и септември“ – изјави Миленкоски кој го објави и првичниот список на повикани одбојкари.


