Откако Ливерпул влезе во кризен период, англиските медиуми успеаа да го пронајдат „виновникот“. Тоа е дете што навива за Манчестер Јунајтед и кое му испратило писмо на Јирген Клоп со молба да ја прекине победничката серија.
Дарах од Донегал кој има само 10-ет години му пратил писмо на Клоп на 24 јануари во кое го моли да прекине да победува и неговиот тим да дава голови. Писмото беше хит, зашто Клоп дури и му одговори, за да му посочи дека тоа му е работа.
Според медиумите, Германецот откако го доби писмото не успeа да го задржи победничкиот ритам.