Повеќето тимови од италијанскиот шампионат потпишаа писмо во кое бараат Јувентус, Интер и Милан да бидат казнети за влез во проектот на Суперлигата на Европа, пренесува „Фудбал Италија“.
Писмото содржи и повик за итен состанок на учесниците во италијанскиот шампионат за да разговараат за можните санкции. Меѓу потписниците на писмото има клубови како Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Каљари.
Да потсетиме, проектот на Европската Суперлига значеше создавање на една лига во која ќе играат 20 најдобри клубови во Европа. Учеството во Суперлигата го потврдија врвни клубови како Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Барселона, Интер, Јувентус Торино, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем Хотспур.
Сепак, по низата повици од фудбалските федерации и асоцијации, како и по заканите за санкции од УЕФА и ФИФА, клубовите почнаа да одбиваат да учествуваат во Суперлигата проектот е стопиран.

