На денешен ден, 9 април, во далечната 1909 година на импровизираното игралиште зад некогашното Учителско училиште во населната Идадија (Ислахама), е одигран првиот фудбалски меч меѓу два тима на турски војници. Фудбалот во Македонија го донесоа турските офицери кои биле на школување во западно-европските земји.
Година дена подоцна, скопските Евреи по потекло од Солун, браќата Салвадор и Пејп Мустафија ја донесоа во Скопје првата фудбалска топка, направена од кожа.
Во 1911, е формиран и првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година.