12 фудбалски навивачи на Динамо Загреб биле повредени пред натпреварот кој нивната екипа го одигра синоќа против Викторија Плзен во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на Европа.
Еден од нив е посериозно повреден и однесен во болница. Околу 1500 хрватски фанови патувале во чешкиот град за да го следат овој натпревар, но само 400 од нив имале влезници. Инцидентот се случи кога останатите се обидувале да влезат на стадионот без билети, а настанал конфликт со редарите и полицијата која користела и палки за да ги растераат. Хрватските медиуми уште еднаш потврдија дека овие навивачи уште еднаш покажале дека се срам за Динамо Загреб и дека вака не се преставува и скаа својот клуб.
Викторија Плзен победи на натпреварот со 2:1, со пресврт и со гол постигнат во финишот од натппреварот.