13 клубови од Првата и втората Бундеслига на Германија се во опасност од банкрот доколку првенствата не се вратат на сцена најдоцна следниот месец, пренесува Кикер.
Според истражувањето, седум клуба во Втората Бундеслига би можеле да банкротираат во мај, а уште два во јуни.
Во елитата опасност има за 4 екипи. Еден е навистина загрозен, додека другите три можат да се извлечат до јуни.